Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Александрова: По четири изборни порази Мицкоски да не ја држи партијата во заложништво, време е за промени (ВИДЕО)

Околу барањето за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, Емилија Александрова, пратеничка од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за Утрински брифинг на Слободен печат вели дека независната пратеничка група и претходно побарала оставка од Мицкоски бидејќи побарал ратификација на договорот за членство во НАТО под името Северна Македонија, со што го прифати новото име на државата, а за што беа избркани од партијата, што говори за несериозноста на лидерството.

-Вчерашното барање е врз основа на резултатите. ВМРО-ДПМНЕ како никога досега има најмал број на гласови. 150.000 глас од претходните избори. На локалните избори изгубивме и после четири изборни процеси на кои партијата е губитник, најдостоинствено и најдобронамерно што може да направи Мицкоски е да си поднесе оставка. Партијата бара да се реформира, да се смени статутот и да се избере ново раководство. Мицкоски нема потреба да ја држи партијата во заложништво и време е за промени, смета Александрова.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК