Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица.

Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123 излечени пациенти, наспроти 88 новозаразени во едно деноноќие.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дена процентот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 не е зголемен и во моментов не се очекува изненадување во смисла на поголем нааплив на пациенти кои би биле хоспитализирани.

„Капацитетите во болниците добро се менаџираат и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети. Во ГОБ ‘8 Септември’ повеќе денови по ред има под 100 пациенти што се третираат. 80 се позитивни, за другите се чека резултати да стигнат овие денови. Исто така, слободни кревети има и Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите и клиничките болници во државата. Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти што би биле за прием во болница“, изјави министерот.

Инаку, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, а досега починале 385 лица.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

ДЕСК

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно шест пријави во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп во последното деноноќие

ДЕСК