20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Град Скопје дели гратис инвертер клими – еве како да се пријавите

Во текот на изминатите 10 дена поднесени се 1.006 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања, соопшти Град Скопје.

Досега по општини аплицирале – во Кисела Вода 200 домаќинства, Ѓорче Петров 166, Гази Баба 136, Бутел 118, Карпош 105, Аеродром 98, Чаир 87, Центар 63, Шуто Оризари 23 и Сарај 10 граѓани.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1.1.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер-уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Граѓаните може да аплицираат онлајн. Согласно со условите, на овој јавен повик може да аплицираат сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот.
Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот.

Новитет на овој јавен повик е условот граѓаните доброволно да ја достават (без надоместок) постојната печка на дрва, јаглен, нафта или на мазут на локација која дополнително ќе им биде соопштена.

Доделувањето на субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата е дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување се објавени на следниов линк https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Спонзорирано: