Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжен притвор и обвинение за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Oхридското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца скопјани на возраст од 19 и 20 години, кои на почетокот на месецов во Охрид киднапираа 26-годишна Италијанка.

За нив постои сомнение дека сториле кривичното дело противправно лишување од слобода.

Како што информираат од обвинителството, на 3 јули годинава двајцата скопјани противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената.

Првообвинетиот, кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второобвинетиот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија.

Откако пристигнале, тие ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец.

Настанот бил пријавен од Амбасадата на Република Италија, по што двајцата обвинети биле пронајдени и лишени од слобода.

Поради постоење на опасност од бегство на обвинетите, како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, доставил и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК