Кога мајсторите ги поставуваат прозорите, најчесто ги оставаат во „стандарден“, односно среден режим.
Ако не сте сигурни во кој режим се вашите прозори и врати, едноставно притиснете парче хартија со прозорската рамка.
Ако без проблем можете да го извадите, наместен е на летен режим, а ако се искине при вадењето тогаш е на зимски режим.
Не е пожелно да ги оставате вратите и прозорите на зимски режим цела година, бидејќи се оптеретува гумата на рамката и брзо се троши. Деталите погледнете ги во видеото.