Фејсбук статус на Лазар Ѓуров, , доцент, професор на Воената академија во Скопје на Фејсбук:
Изгледа на овие избори сепак ќе гласам по принцип „како да не се врати полошото и позабеганото“
Цела кампања не споделував никакви ставови ниту се приклонував кон ничија страна. Реално се двоумев дали за прв пат од полнолетство да не гласам. Но одлучувам да гласам по принципот „како да не се врати полошото и позабеганото“
Да сме на јасно.
Не е идеално. Далеку е од идеално ама дефинивно е помалку забегано.
Далеку е од средено ама среќен сум што за вистинските проблеми се зборува отворено без да не убедуваат дека „сме лидери во се и сешто“ а во суштина да живееме во целосно руиниран систем со злоупотреба на моќта на сите институции.
Особено сум среќен што има можност за јавна критика без никаков притисок и последици. Тоа е гаранција дека ако се забега целосно, ќе бидат срушени.
Од друга страна целосно ги разбирам тие кои имаат изразена горчина од направените компромиси за името и компромисите за обезбедувањето на мнозинство за одлуките во парламентот за да се влезе во НАТО (како стратешка цел).
Затоа и се појавија многу кои сакаат да ќарат гласови на тоа незадоволство.
Да, кај секој има незадоволство…ама тоа е реалната политика. Подобро компромис и движење напред отколку дома да мислиш дека си во право а во суштина да тонеш во жив песок без можност за излегување од него.
Особено сум среќен што отворено се зборува за негативната улога на албанскиот коалиционен партнер кој скоро две децении е во извршната власт. Јавна тајна беше дека тие се „држава во држава“ и дека кочат и дека главниот интерес е нивниот интерес а не интересот на земјата. Се надевам дека навистина ќе заминат во опозоција и ќе се исече и остатокот на режимот кој си има свои параструктури низ целиот систем и во извршната и во судската и во секоја власт.
Ако во овој мандат имаа оправдувања дека немале мнозинство и дека морале да прават компромис и да премолчуваат за да остварат стратешки цели. Сакам во следниот да го немаат тоа оправдување.
Јас одлучувам да гласам.
Да дадам уште една шанса.
Да се продолжи со евроинтеграции без никакви експерименти за поништување на договори и запирање на почнати процеси.
Јас сум човек кој верува дека ќе се оправиме само ако сме дел од интергративни процеси и сме постојано под „притисок“ и мониторинг и се бараат реформи.
Верувам дека европските вредности се највисоките цивилизиациски вредности. Знам дека и таму има лицемерии. Знам дека и таму има земји кои не ги постигнале вредностите кои ги пропагираат. Но да не се лажеме. Тоа е систем кој е најсовремен и кој поставува највисоки стандарди. Не случајно, некои наши „патриоти“ од дијаспората заминале таму а ни кажуваат колку не е добро да тежнееме кон западот. Нека оди да живее во Моска или Пекинг и нека кажува дека ЕУ не е правилна опција.
Ќе гласам.
Ќе им дадам уште една шанска.
Посебно што не гледам некоја друга сериозна опиција која „не јава на бранот“ на етничкото незадоволство и хушкање за враќање назад.
Се надевам дека резултатот ќе биде таков да немаат можност за оправдувања за други „невкусни“ компромиси.
А ако не покажат резултат, ќе ги рушиме.
Со тоа што се надевам дека резултатите на овие избори исто ќе испорачаат порака дека опозцијата мора да се реформира. Да покаже дека се одвоила од претходните политики. Плус се надевам дека на политичката сцена ќе се појават нови партии кои ќе бидат проевропска опција а ќе бидат жестоки во критиките а достојни за глас со својот кредибилитет и интегритет…исто како што сега се појави сериозна конкуренција за гласот на незадоволните од компромисот со името.
Не мора да се сложите.
Но ова е мој став.
Прв и единствен во цела кампања.
Сакам да го споделам за да земам учество и не ми биде криво што сум молчел, ако сепак резултатот отиде во погрешна насока.
Ете сум кажал.
Па кој како си сака.
Со своја совест, разум и свест.
П.С. Знам дека некој ќе ме обвинат дека сум „комуњар“
Свесен сум за ризикот. Но сметам дека како интелектуалец е фер да го споделам моето мислење во јавниот простор…по цена на критиката и обвинување. Се плашам да не се случи разочараните да останат и не гласаат и да се остави простор за другите да се докопаат со власт и да се вратиме 100 чекори назад со некакви експерименти. Посебно што на пазарот на „патриотски“ гласови има силни кампањи.
Во мојот живот сум гласал за повеќе опции. А верувам дека така и ќе биде до крајот на мојот живот. Сега одлучувам вака. Тоа не е гаранција дека нема да изберам различно следен пат.
Нека е за добро!