27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети пред Собрание: Тука ќе го избереме премиерот Албанец

Кампањата за изборите на 15 јули ја започнавме во Преспа, а ја заокруживме синоќа во Охрид, не случајно. На Изборниот Конгрес на ДУИ минатата година ги определивме нашите црвени линии за иднината на земјата и на граѓаните, а тие се потполната еднаквост, интеграцијата во НАТО и Европската Унија, а тoа се постигнува преку Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство од кои враќање назад нема!

На овие избори, како дел од моето наследство во создавањето политика во оваа земја ја актуализиравме идејата за изборот на првиот премиер Албанец на нашата заедничка земја, идеја која датира од нашиот Втор Изборен Конгрес од 17 декември 2009 година во Скопје. Моето наследство и на моите соработници е градењето камен по каменна тврдината на потполната еднаквост на Албанците и на другите во нашата евроатланска земја.

Денес дојде време да го поставиме и последниот камен во ѕидовите на тврдината за да ја остраниме етничката хомогенизација и да им ставиме крај на предрасудите. Оваа идеја, оваа иницијатива за отстранување на сите пречки во насока на потполна еднаквост, наиде на невообичаени, избрзани и необјасниви реакци. Пријатели, да се зборува без размислување е како да пукаш бесцелно (во празно)!

Ние долго размислувавме за овој чекор и констатиравме дека по спроведувањето на нормативниот дел од Охридскиот Договор, по Уставните измени, името, Преспанскиот и Договорот за Добрососедтво, после членството во НАТО и отворањето на преговори со Европската Унија, дојде време да ја претставиме и ова цел за доброто на нашата земја. Од реализацијата на оваа цел придобиваат сите, така како придобивки имаа сите заедници од спроведувањето на Охридсиот Догоор и затоа очекувам сите заедници, и македонците, да гласаат и да го поддржат бројот 9 на овие избори како вистинска, права и потребна опција.

Нашиот кандидат има многу поголемо искуство отколку двајцата други кандидати и нема ниту еден скандал зад себе, но секаде е почитуван.

Време е оваа нова генерација позади мене да ја покаже својата вредност, а Вие, сите, определени и неопределени, жени и мажи, млади и стари, излезете и гласајте, заокружете го бројот 9, потврдете ја Вашата вредност давајќи и можност на новата генерација и тие да ја докажат нивната вредност и да го изберат првиот Премиер Албанец во Северна Македонија кој ќе се избере токму во ова зграда позади мене, во Собранието.

Почитувани граѓани, оваа цел не е само сон, оваа цел се остварува затоа што ние седум пати меревме и еднаш пресековме, затоа обединете се сите околку бројот 9 и дајте и крилја на новата генерација за да го заокружи нашето наследство на потполна еднаквост. Ние се осмеливме, обединете се и заедно ќе напишеме историја за да ја изградиме иднината.

Ова е тоа што денес им го овозможуваме на нашите деца и на нашите внуци: Вербата дека ние може да постигнеме се што сонуваме. Вербата дека секој од Вас вреди и тоа ќе го докаже на 15 јули заокружувајќи го бројот 9.