Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

 Заев: Ќе ги укинеме министерствата без ресор

 „ Претходно во 11-те години на режимот ако не беше ВМРО земи умри. Ромите беа најпогодени оти се најсиромашни. Денес имаме демократија, имаме слобода, транспарентни институции… Ќе имаме контрола врз парите што се трошат, ќе имаме отворени денови за граѓаните. Ќе ги укинеме министрите без ресор. Во буџетот ќе определиме средства за дома, ќе работиме само дома, нема веќе надворешни проблеми, ќе работиме дома, економија и реформи“- им се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев на жителите од Шуто Оризари од предизборната трибина.
 
Тој ги наброја најголемите успеси на СДСМ во изминатиот, скратен мандат, но најави дека уште поинтензивно ќе се работи во следните четири години.
 
„Во целиот период покажавме одлични економски резултати, ги покачивме панзиите и платите, ја вративме евтината тарифа, укинавме радиодифузна такса, враќаме пари кај граѓаните, укинавме камати на долговите на граѓаните. Минималната плата сега е 14 500, но ќе оди до 20 000 денари. Просечната ќе оди до 34 000 денари, ја зголемивме социјалната помош за три пати, квотите на лековите ги укинавме, ги проширивме и зголемивме детскиот додок и образовниот додаток…“- набројуваше Заев и повика сите да излезат на избори и да не му дозволат обнова на режимот

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК