Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Била ли Шекеринска контролор на рекетот наместо да се грижи за интересот на граѓаните?

Шекеринска не направи ништо од ветените капитални инвестиции од 600 километри нов автопат што ги ветуваше во 2016, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму и обвинуваат дека актуелната министерка за одбрана времето наместо за интересот на граѓаните, го трошела, како што велат, на седенки и состаноци со обвинетите и веќе осудени за случајот „Рекет“, токму во периодот кога се случувало тоа.

„Дали Шекеринска била консилиере и советодавач? Или можеби контролор на тоа до каде е целата операција? Логични се овие прашања, со оглед на тајните средби кои таа ги имала“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се повикуваат граѓаните на 15 јули да стават крај на, како што се вели, свивањето ‘рбет и да одберат обнова за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Следува сонце, па значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК