Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Повисоки плати во образованието и поврзување на сите основни училишта со ултра брз интеренет

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево имаше средба со просветни работници во општината Бутел.

Тој ги истакна политиките на СДСМ и рече дека со новата развојна економија, како што се покачуваат минималната и просечната плата, ќе има покачувања на платите во сите области.

„Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваше просветните работници, од нив правеше гласачка машина, ги носеше на контрапротести и ги обремени со милион административни процедури“, посочи Спасовски.

Тој и во новиот мандат најави големи вложувања во образованието и вистинска грижа за просветните работници и за учениците.

„Вложуваме во образованието. Со новата програма предвидуваме поврзување на сите основни училишта со ултра брз интернет, интерактивни училници, дигитализација и трасформација на наставната програма, што ги налага и актуелната здравствена ситуација со којашто се соочуваме“, најави претставникот на СДСМ.

Воедно дека следниот мандат на Владата ќе биде целосно посветен на економијата и кревање на животниот стандард на сите категории граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК