8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев за CENTAR: Со месеци Наќе Чулев не реагираше, па дури и го поттикнуваше системот со тоа што дозволи кршење на мерките за борба против коронавирусот – тоа е незрело и опасно однесување

– Во кампања го гледаме она што 2,5 години наназад го гледаме. На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски воопшто не им е важно здравјето на граѓаните, за нив се важни само личните и партиски интереси. Со месеци гледаме лицемерие на опозициската партија, наутро глумат загриженост за здравјето а попладне ги кршат мерките и забраните. Теретани, кафани, прошетки на Водно, тоа правеа додека мединските лица, докторите, сите ние се боревме да го спречиме ширењето на вирусот, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев за CENTAR.mk, околу непочитувањето на мерките од страна на водачите на ВМРО ДПМНЕ.

– Со месеци и нивниот министер Наќе Чулев не реагираше, па дури и го поттикнуваше системот со тоа што дозволи кршење на мерките. Тоа е несериозно, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, рече Зоран Заев во интервју за Centar.mk.

Ова е уште една потврда зошто се потребни избори, меѓу другото и да се разреши Чулев, затоа што сега нема таква можност. По изборите ќе се создадат легитимни, функционални и одговорни институции, предводени од чесни, одговорни личности, инситуции кои нема да молчат, туку неселктивно ќе го санкционираат секое прекршување на мерките и забраните за заштита од коронавирусот и ќе работат за граѓаните, вели Заев во интервјуто за Centar.mk, кое може да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +