11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕК предупредува: Ако продолжи корона-кризата, младите масовно ќе останат без работа

Иако многумина сметаа дека први на удар ќе бидат постарите вработени поради нивната возраст и поради нивните квалификации, Европската комисија е позагрижена за младите. Покрај тоа, таа ги повика земјите членки на ЕУ да се обединат во борбата со невработеноста кај младите, која расте од ден на ден за време на корона-кризата.

ЕК предлага проширување на тековната програма Гаранција за младите, која беше воведена во 2013 година. Програмата предвидува на помладите работници на возраст од 15 до 25 години, во рок од четири месеци по завршувањето на школувањето или од почетокот на невработеноста да им обезбеди понуда за работа, стажирање или понуда да се вратат на образованието.

Сепак, ЕК врши притисок за границата да биде пoместена на 29 години. Нејзиниот потпретседател, Валдис Домбровскис, предупредува дека за време на пандемијата невработеноста кај младите растеше брзо – побрзо од општата стапка на невработеност. Во моментов изнесува 15,4 проценти.

Како и да е, од Комисијата доаѓаат предупредувања дека ситуацијата би можела значително да се влоши, односно може да ја достигне онаа од 2008 година, кога во некои земји членки на ЕУ невработеноста кај младите беше дури 50 проценти. Тогаш беше измислен терминот „изгубена генерација“.

Иако сè уште не е драматично, постојат ризици, а младите би можеле да бидат главни „економски жртви“ на коронавирусот. Предлогот на ЕК, исто така, предвидува посилен фокус на образованието на младите и развој на вештини – со зголемување на инвестициите во такви програми.

Можеби ќе ве интересира

Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

C +

Трамп ја повикува ЕУ да изврши притисок врз Путин со 100 проценти царини врз Кина и Индија

C +

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +