Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Академска брилијантност и флексибилност

Автор: др. Петра Клеиндиенст, асистент професор на Факултетот за општествени применети студии во Нова Горица, Словенија

Секој од нас посакува да биде брилијантен. Да го покаже својот потенцијал на највисока фреквенција. Да се изрази со целиот свој капацитет. Да му покаже на светот дека e во состојба да ја отклучи вратата за личната брилијантност. Да докаже и покрај сомнежите дека сè е можно. За да се постигне ова, секоја индивидуа мора да биде упорна, фокусирана, со јасно дефинирани цели, но секако да покаже и високо ниво на флексибилност. Ниво на прифаќање на реалноста, но и желба да ја промени, со цел создавање подобра иднина.

Во овој поглед, знаејќи ги сите овие универзални вистини, како академски кадар на Факултетот за Применети Социјални Студии и Факултет за Медиуми во Словенија, ги усогласивме сите стандарди за квалитет кои Ве водат директно кон брилијантност во академските води.

Како прво, квалитетот е наш основен стандард. Без оглед на степенот на образование (додипломски, постдипломски или докторски студии), не е можно да се „положат“ испитите без посветено и сериозно студирање. И не само затоа што ги задоволува условите на Факултетот, туку и затоа што, на тој начин се креира сигурна иднина за студентот. Всушност, секој напор е инвестиција во животот и кариерата на студентот.

Потребни се брилијантни активности за да се создаде брилијантен ум. Уверени сме дека иднината треба да се гради врз цврсти и квалитетни темели. Образованието не е учење на факти, туку обука на умот да размислува и да постигне конечен исход – брилијантност. Не обидувајте се да го надминете тоа лесно, ниту да создадете нешто што ќе Ви создаде проблеми во иднина.

Како Факултети дефиниравме правила на игра. Во согласност со законите и со праксата. Нашиот студент ги почитува и се движи кон успех. Немаме толеранција или разбирање доколку некој се обиде да ги прекрши правилата за совладување на содржината и само-подобрување. Тука не постои флексибилност.

Но, од друга страна, сме многу флексибилни и практични, за да ги поедноставиме нештата кои може да се поедностават. Како луѓе, пред сè, им помагаме на нашите студенти да најдат работа што им обезбедува соодветен животен стандард и можност да се посветат на студиите. Им го поедноставуваме животот во Словенија. Ова ги поттикнува работните навики на студентите кои им се потребни понатаму во животот. Воедно, создаваме и животни приказни кои подоцна во животот, нашите сегашни студенти ќе им ги раскажуваат на своите најблиски.

Многу сме практични и флексибилни во поддршката на студентите за нивната академска кариера. Нашата соработка со различни институции им овозможува на сите наши студенти да добијат можност за пракса на својата избрана професија. Покрај тоа, тие можат да го докажат своето теоретско знаење со учество во разни истражувања и проекти во кои учествуваат нашите факултети. Секој ангажман на студентите е сериозен потенцијал за академска извонредност.

Флексибилноста подразбира и отвореност за мобилност. Затоа обезбедуваме можност секој студент да оди на студентска размена во друга земја и таму да работи на својот труд. На овој начин ги стимулираме нашите студенти да се развиваат во академска смисла, додека во меѓувреме доживуваат нови земји, запознаваат странски култури и ја прошируваат нивната мрежа. Ги охрабруваме нашите студенти да гледаат на работите од различни перспективи. Се стремиме да се осигураме дека нашите студенти ќе станат креативни луѓе со чувство за луѓето околу себе и за општеството, академски брилијантни и со животно искуство.

И за крај, за време на студиите, секој студент стапува во контакт со колеги од различни земји, претежно од нашата поранешна заедничка земја, како и со студенти од други земји во светот. Студентите честопати се среќаваат со луѓе од матичната земја. Дипломците и магистрантите своите тези може да ги пишуваат на словенечки или англиски јазик. Додека, докторските дисертации може да бидат пишувани на словенечки, англиски или српски јазик (латиница). Сепак, студентите честопати доаѓаат во контакт со различни јазици и тоа овозможува нивно паралелно совладување.

Словенија е вашата порта кон Европската академска брилијантност и флексибилност.

Ве чекаме за да Ве запознаеме во нашите училници.