Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ристоска: Последниот работен ден на СЈО е горчливo-сладок ден

Обвинителката и портпаролка на специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, синоќа на социјалните мрежи, по повод последниот рaботен ден на СЈО, моментот го опиша како горчиво-сладок.

„Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија. Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди koga почесто бев на работа од дома“. И така беше…

За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“, напиша Ристоска.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК