Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Додека земјава урива црни корона-рекорди, Филипче глуми во спотови на Заев

За Филипче е поважно да статира во спотови на Зоран Заев отколку да работи на запирање на вирусот, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се наведува во партиското соопштение, додека Венко Филипче тера партиска кампања, се појавува на митинзи и се препукува политички, во Македонија коси епидемијата на коронавирусот.

„Откако Филипче и здравствените власти ги олабавија мерките по нарачка на Заев, во Македонија настана новиот пик. Во овие дваесетина дена бројот на заболени се зголеми двојно во споредба со целиот период претходно“, истакнуваат од партијата.

Од таму додаваат дека Заев е изгубен политичар и, како што велат, колку порано замине од власт, толку подобро за сите во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК