22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

По кој пат тера Дурловски

Носителот на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 5, Игор Дурловски, во настапот во живо на телевизија Сител покажа неколку елементарни непознавања со што го наруши својот кредбилитет како кандидат за пратеник. Имено, Дурловски во обид да ја промовира изборната програма на ВМРО ДПМНЕ во делот на инфраструктурата не можеше да се сети кој автопат го напишала неговата партија како ветување за граѓаните.

По долга пауза и неможност да се сети за кој пат зборува, на крајот изусти дека ќе го изградат автопатот Битола – Градско, иако во прогамата е заведен автопатот Битола – Прилеп. Со срамното телевизиско појавување Дурловски покажа дека прво не си ја познава државата, а потоа дека не си ја знае ниту програмата, која тој и другите кандидати би ја спроведувале доколку победат на изборите. Дури се доби и впечаток дека тој нема ниту прочитано што стои во нивната програма.

Ваквите елементарни непознавања од страна на кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, особено од носител на листа е навреда кон гласачите. Како сега Дурловски ќе продолжи да ја бара довербата на граѓаните кога не знае ниту кои патишта во државата се за реконструкција, кои автопати се за поправка и со каков пат е поврзано некое населено место со друго.

Дурловски по професија е пејач и ова му е прв обид да се занимава директно со политика. Тој уште на стартот ги покажува неговите слабости дека не е така лесно да ја смени професијата преку ноќ. Јасно беше уште кога ВМРО ДПМНЕ го избра за носител на листа дека тоа го прави за да ја искористи неговата наводна популарност кај граѓаните националисти. Дурловски негативно се прослави со учевството на протестите во 2017 година, во период кога СДСМ формираше парламентарно мнозинство за преземање на власта од ВМРО ДПМНЕ. Практично, неговото учевство во насилните протести го истурка на првото место на изборната листа.

На крвавиот 27 април кога животот на многу пратеници беше загрозен, а насилници од толпата упаднаа во парламентот со намера да ликвидираат неколкумина политичари, Дурловски, заедно со уште неколкумина беше во тимот организатори на протестите. Потоа тој не беше осуден, но тешко се брише дамката која му остана од таа крвава ноќ во парламентот. Дурловски со денови од протестите говореше за некакво предавство на СДСМ и се преставуваше како голем патриот и националист, во обид да ги придобие таквата структура кај граѓаните, посебно кај оние од вмровска провиненција.

Со јавниот скандалозен настап Дурловски демонстрираше непознавање на патиштата кои ги ветува неговата партија, но покажа дека и самиот не знае по кој пат тера.