На 30 септември истекуваат два важни рокови за српскиот енергетски сектор – актуелниот гасен аранжман со Русија и американските лиценци поврзани со работењето и снабдувањето на НИС.
Снабдувањето во Србија во моментов е стабилно, но неизвесноста останува поради состојбата на светските пазари. Цената на суровата нафта во понеделникот се движела околу 107 долари за барел, а Србија пушта и дополнителни количества дизел од државните резерви.


