Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски не се појави на распит во полиција, испратил адвокат

Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ потврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска бил повикан на распит во полициска станица во врска со случајот во кој Мицкоски беше „уловен“ како седи во внатрешноста на објект на улицата „Боемска“, спротивно на препораките за заштита од ковид-19.

Како што информираат од МВР, тој не се појавил на разговорот, туку дошол неговиот правен застапник.

„Од страна на МВР на лицето Х.М. му беше врачена покана да се јави на информативен разговор во Полициската станица Центар, денеска во 10 часот, а во врска со настанот во угостителскиот објект во Дебар Маало. Х.М не се појави во полициската станица, туку неговиот правен застапник“, велат од МВР за „360 Степени.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК