Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Не прифаќам омаловажување на здравствените работници

На предизборната трибина на СДСМ во Центар, на која беа преставени носителите во првата изборна единица, Никола Димитров и Мила Царовска, свое обраќање имаше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој испрати порака, особено до ВМРО ДПМНЕ да не ги понижуваат и омаловажуваат здравствените работници.

„Еве, Мицкоски вели јас го донесов вирусот во Македонија за да не може тој да собира народ на митинзи. Еве и Олимпијадата се одложи заради мене, исто како што се одложи и Евровизија заради мене. Еве сето ова ќе го прифатам како моја вина, но нема да прифатам да не се почитуваат здравствените работници. Тие гинат по 24 часа на ден за нашето здравје, борејќи се за секој човек. Тие се професионалци, најголем дел не ги интересира политика, туку ги интересира нивната благородна професија. Знам дека се изморени, дека работат со последни сили, и знам дека најмногу ќе им помогнеме ако ги почитуваме лекарските препораки за заштита на здравјето.“- издвои Заев посебен дел во говорот посветен на сите здравствени работници на кои неизмерно им се заблагодари.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК