Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Не дај боже иднината на младите да ја оставиме на Мицкоски и Груевски

„Слушам дека ВМРО ДПМНЕ ветува обнова на Македонија. Но обновата за нив значи обнова на понижувањето на човечињата и индијанците. Значи обнова на спомениците и стиропорите, на конфликтите со соседите, на изолација на државата. Затоа подобро е кога ВМРО ДПМНЕ не нуди обнова на земјата. Не дај боже иднината на младите да ја оставиме на Мицкоски и на Груевски.“- ги потсети лидерот на СДСМ, Зоран Заев, граѓаните на Центар, на децениското режимско владеење и пљачкосување на народот.

На трибината во Центар, на која беа промовирани Никола Димитров и Мила Царовска како носители на листата на СДСМ во првата изборна единица, Заев се осврна и на рекламните спотови на ВМРО ДПМНЕ.

„Кога зборуваат за својата понуда не можат да се пронајдат и затоа водат негативна кампања. Сите спотови им се за мене, сите настапи им се за мене. Но едно ќе им кажам, ќе ме гледаат во следните четири години, а и демократизацијата на инситуциите ќе ја гледаат.“- коментираше Заев.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК