Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Германија ги враќаше туристите во земјата за време на пандемијата, а сега им наплаќа за тоа

Германија на граѓаните кои на почетокот на пандемијата со специјални летови ги врати од туристички места сега им наплатува паушални износи во висина од 200 до 1000 евра, соопшти Министерството за надворешни работи.

„ Со наплата на паушални износи германската влада применува транспарентно и небирократско решение, чија цел е еднаков третман на сите патници“ се наведува во соопштението од министерството.

Со тоа Германија сака да покрие околу 40 проценти од вкупно 94 милиони евра, колку што чинела акцијата за враќање на туристите. За повраток од поблиски места како Канарските острови или северна Африка се наплаќа паушал од 200 евра. За летови од Азија и Јужна Америка е 600 евра, а од Австралија и Нов Зеланд по 1000 евра.

Акцијата за враќање на германските туристи е покрената по воведувањето на мерките против ширење на коронавирусот на средината од март. Вкупно се вратени околу 250.000 туристи, кои во моментот на воведувањето нба мерките се наоѓале во странство.

Најголем број од нив се вратени со авиони од компании кои ги довеле на место или со чартер летови на туристички компании.

За околу 67.000 индивидуални туристи кои патувале со сопствена организација, а поради укинување на линиите не можеа да се вратат во Германија, германската влада организира чартер летови од сите делови на светот.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК