Centar.mk
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Нетанјаху за војната со Иран: Стигнавме до половина пат

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел и САД се „на половина пат“ од нивната војна со Иран, но одби да даде временска рамка за завршување на конфликтот, објави Newsmax.

„Секако сме на половина пат. Но, не сакам да поставувам временска рамка“, рече Нетанјаху, додавајќи дека проценката се однесува на постигнувањето на воените цели, а не на изминатото време.

Нетанјаху тврди дека израелските и американските сили убиле илјадници членови на Иранската револуционерна гарда и се „на работ на уништување на нивната индустрија за оружје“.

„Целата индустриска база, сè – фабриките, нуклеарната програма – сè уништуваме“, рече тој.

САД и Израел ја започнаа војната на 28 февруари 2026 година. Американскиот претседател Доналд Трамп првично процени дека операциите ќе траат четири до шест недели, но американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека војната ќе трае „уште неколку недели“, во време кога противењето на војната расте меѓу американската јавност и цените на нафтата растат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

40 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ПОДОБРА ГРИЖА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ – Британија сака да спречи непотребни хоспитализации оваа зима

ДЕСК

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА ПОПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДАТА – Нов план за дигитални системи и мерни уреди

ДЕСК

ЗАТВОРЕН НЕЗАВИСНИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ ВО РУСИЈА – Британија и Финска со заедничка реакција

ДЕСК