Centar.mk
СВЕТ

Британски авиони соборија повеќе ирански дронови на Блискиот Исток

Британското Министерство за одбрана вчера објави дека авиони на Кралските воздухопловни сили (RAF) успешно собориле неколку ирански беспилотни летала за време на операциите на Блискиот Исток. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за операцијата, која се случила во „област со висока закана“.

Во својот дневен извештај за воените операции во регионот, министерството соопшти дека британските авиони „Тајфун“ и „Ф-35“, заедно со хеликоптерите „Вајлдкет“, продолжиле да извршуваат „одбранбени“ мисии во текот на ноќта. Летовите се одвивале над Кипар, Јордан, Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Додадено е дека британските пилоти и екипажи имаат регистрирано повеќе од 1.200 часа време на летање од почетокот на конфликтот, објави „Ал Џезира“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

40 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ПОДОБРА ГРИЖА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ – Британија сака да спречи непотребни хоспитализации оваа зима

ДЕСК

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА ПОПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДАТА – Нов план за дигитални системи и мерни уреди

ДЕСК

ЗАТВОРЕН НЕЗАВИСНИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ ВО РУСИЈА – Британија и Финска со заедничка реакција

ДЕСК