16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Докажавме дека можеме, но дефинитивно можеме уште повеќе и уште подобро

„Реформата на правосудството, на здравството, на образованието, на културата, на социјалната заштита значи економија, значи повисок економски стандарт на нашиот народ. Секако сите докази зад нас кои што оставија впечаток дека во 2,5 – 3 години мандат којшто го имавме како Влада предводена од СДСМ во време кога ги решивме најголемите прашања дефинитивно успеавме да ја дигнеме македонската економија од -1,8% до 3,6% раст на севкупното БДП, ја подигнавме минималната плата за повеќе од 5.000 денари, за повеќе од 5.000 денари просечната плата, 1800 пензиите се покачени, платите на здравствените работници да не зборуваме за преку 30,40%. 21% на образованието, на наставниците и учителите. Докажавме дека можеме, но дефинитивно можеме уште повеќе и уште подобро.“ вели Заев.

„Јас ја имав честа и одговорноста 2,5 години да ја водам македонската Влада, навистина докажавме дека носевме храбри одлуки, имавме став секогаш заедно со граѓаните, да се исправиме, да ги споделиме аргументите и да ги носиме одлуките, за да чекори земјата напред да ја исправиме на правиот пат и таа е денеска на правиот, вистински пат. Тоа е гаранција за сето она што ќе го испорачаме како ветување во периодот кој што предстои пред нас, земја која што е пријател со сите, членка на НАТО, со почнати преговори со ЕУ, останува нашата посветеност на нова македонска економија. Тука ќе бидеме максимално посветени.“, вели Зоран Заев лидер на СДСМ .

Спонзорирано: