Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Митрески на ТВ 24: Мицкоски ги критикува владините мерки, а потоа глуми дека не ги знае

Јован Митрески од СДСМ на телевизија 24 зборуваше за деструктивното однесување на ВМРО ДПМНЕ за време на пандемијата и дека и покрај тоа здравствениот систем успева да го контролира вирусот.

„80 проценти од заболените пациенти се знае точно од кои кластери се. Се следи секој контакт и ситуацијата е постојано под контрола. Лекарите и министерот за здравство објавија дека во иднина ќе се објавуваат имињата на граѓаните на кои ќе им се одреди мерка со изолација, и тоа е во контекст на заштита. Е сега, од една страна ВМРО ДПМНЕ ги критикува мерките, а од друга изјавуваат дека не ги знаат. Мерките се јавни, транспарентни. Сега ВМРО ДПМНЕ измислува дека ние во СДСМ не сме ги почитувале затоа што наши членови излегле надвор и се фотографирале, но во време кога немало полициски час. Тие постојано создаваат хаотична ситуација за да ја користат потоа против владата.“- рече Митрески.

Тој посочи примери кога неодговорното однесување на поединци во ВМРО ДПМНЕ предизвикало паника кај населението.

„Знаете што значи Мицкоски да излезе јавно и да каже здравството има само уште 100 тестови за вирусот, за утредента да биде демантиран. Колкава е неговата одговорност? Можеше еднаш ВМРО ДПМНЕ да излезе и за нешто да пофали дека добро е сработено, ама тие сакаат да создаваат хаос и нервоза. Еве ако не за пандемијата можеа да честитаат за пресадувањето на срцето, да му честитаат на здравствениот систем кој успеа во намерата, иако беше наследен лош здравствен систем.“- искоментира Митрески.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК