Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Град со големина на орев погоди делови од Скопје

Силно невреме проследено со град со големина на орев го погоди Скопје попладнево околу 16 часот. Невремето со силен интензитет траеше 15-20 минути.

Погледнете го видеото снимено на средно Водно:

Силното невреме во делови од Македонија, беше проследено само со пороен дожд. Засега нема информации за евентуални штети.

Инаку до недела ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер.

Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

СЕДУМ ЛИЦА ЗАВРШИЈА СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕТЕ – Полицијата тргна во акција

ДЕСК

Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект, нема намалување на цените на горивата

ДЕСК

Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок

ДЕСК