11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Советникот на Чулев, Андоновски, кој седел со Мицкоски не може да не ги знае мерките, дали намерно ги кршел заедно со Мицкоски?

Советникот на министерот Наќе Чулев, екс директор на УБК, Љупчо Андоновски, потврди дека бил заедно со Христијан Мицкоски во кафаната „Винотека“ кога инспектори се обидоа да направат контрола затоа што во затворениот, забранет дел на локалот седеле гости. Андоновски за телевизија 24 изјавил дека останале половична до еден час затоа што наводно не ги знаеле целосно владините мерки.

Со истиот аргумент како лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, и Андоновски се правда дека не можел да ги следи мерките за заштита од вирусот. Како е можно советник на министер за внатрешни работи да не ги следи секојдневно мерките и забраните за спречување на короната? Тогаш што го советува министерот или по оваа логика и самиот Чулев не ги знае владините мерки? А токму МВР е клучниот орган кога станува збор за почитување на препораките и изрекување казни на оние кои не се придржуваат до советите да се носи маска и да се стои на дистанца.

Од друга страна нејасно е како Андоновски не ги знае мерките, кога неговиот претпоставен Чулев е присутен на седниците кога се носат, дали во владата или во кризниот штаб. Или, ако Чулев лично е запознаен со мерките тогаш логично е нив да ги знае и неговиот советник, па и поширокото опкружување на министерот со оглед на улогата на МВР во справување со пандемијата.

Значи советникот Андоновски наместо да биде пример, заедно со шефот Чулев и партискиот лидер Мицкоски, како да се почитуваат и спроведуваат мерките, тие заеднички ги прекршуваат и го загрозуваат јавното здравје. Ваквите намери на ВМРО ДПМНЕ стануваат очигледни дека ним им е поважно да продолжи здравствената криза за да имаат аргумент за бегање од избори, исто како што им е важно да има економска и политичка криза, за и тоа да го користи како аргумент во јавноста.

Воопшто не е доволно тоа што Андоновски, пак исто како Мицкоски, најавува дека ќе ја плати казната. При тоа заборава дека Кривичниот законик определува и затворска казна до една година за непочитување на мерки во време на епидемија. Исто така, тоа што Мицкоски и Андоновски се подготвени да платат ни одблизу не го затвора прашањето за поголема одговорност. Едно е загрозувањето на јавното здравје со седење во затворен дел на кафана, а сосема друго е попречувањето на инспекторите да извршат службена задача, исто како што е различно тоа што некој манипулирал со снимките од камерите.

И да претпоставиме дека само сопственикот на кафаната давал отпор пред инспекторите и тој организирал диверзија со снимките, сепак како функционери од таков ранг, на позиции во МВР, орган задолжен за спроведување на ред и закон, си дозволиле пред нивни очи некој да забранува контрола на службени лица. Срамно е и скандалозно кадрите на ВМРО ДПМНЕ да останат неми додека гледале како се крши закон. Токму тие, ако се сериозни и одговорни политичари и советници, морале да реагираат и да дозволат државните служби да си ја завршат работата, па на инспекторите да им објаснат дека не ги познавале мерките и да примат налог и така да си платат казна, а не сега вака да ја лажат јавноста дека ништо не знаат.

Добро, еве мерките не ги знаат па не внимаваат и загрозуваат здравје, а тоа што со прст не мрднале додека некој извршувал кривично дело?

Спонзорирано: