Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Штипската јавност вознемирена: Дали на повидок е кластер на Мицкоски во Штип?

На социјалните мрежи се појавија неколку прашања во врска со ризичното однесување на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, се работи за прашања што се однесуваат на локалното партиско раководство во Штип, пишува Фронтлајн.
Прашањата се:

Дали претставници од локалното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Штип се заразени од коронавирусот?

Дали се одржувале редовни партиски состаноци на кои биле и заразените?

Дали на состаноците се почитуваат мерките за заштита?

Дали на повидок е кластер на Мицкоски поради одржување овие состаноци на локалното партиско раководство?

Понатаму, во истата објава, им се посакува добро здравје на сите што настрадале од ваквото однесување во партијата и со лесно да поминат со вирусот во потврдените случаи.

Со оглед на тоа дека во јавноста се стекнува впечаток дека Мицкоски и дружината намерно не ги почитуваат мерките, граѓаните заслужуваат одговори на поставените прашања“ – завршува граѓанката во својата објава на Фејсбук, пишува Фронтлајн.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК