Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Потврдено е: Еве кога ќе бидат објавени листите со имиња на граѓани кои ќе добијат парична помош од државата

Листите на корисници кои ќе добијат домашна платежна картичка „Купувам домашно“ и ваучери за домашен туризам ќе бидат објавени во текот на следнава недела.

– Наводните бројки и квоти кои од попладнево се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани.

Ваквите неточни податоци се тенденциозни, манипулативни и имаат цел да го дезинформираат населението.

Граѓаните кои ќе ги добијат домашните платежни картички, како и ваучерите се граѓани на кои им е потребна помош за да ја пребродат кризата, како невработени лица, приматели на социјална помош и граѓани кои се со ниски месечни примања, информира Владата.

Можеби ќе ве интересира

ЕВН Македонија донираше модерно опремена просторија за учениците од дуално електротехничко образование во СЕТУ „Михајло Пупин“

C +

УЈП: Завршија активностите за регистрација и доброволна дерегистрацијa на даночните обврзници за целите на ДДВ

C +

Две нови авиолинии кон Италија: Од јули од Скопје ќе се лета кон Алгеро Сардинија и кон Палермо

C +