На 8 јуни Регулаторната комисија за енергетика се очекува да ги определи новите цени на горивата.
Оваа седмица малопродажните цени на еуросупер БС-95, еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) се намалија за половина денар и сега изнесуваат: 57 денари, 59 денари и 49 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво – 37,5 денари за литар.
Каква ќе биде новата цена на горивата, ќе се знае од понеделник напладне. На светските берзи е забележано зголемување на цената на сировата нафта од типот брент за неколку долари и сега изнесува 42 долари за барел. Брент е типот на нафта според кој се утврдуваат и малопродажните цени на нафтени деривати во Македонија.