22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

“Не бев информиран” е новото “сечени-лепени”

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност во Влада:

Подобро ќе беше да остане без став, како и по обичај, отколку да тврди дека не бил информиран.

Никој не му поверува на Мицкоски дека не знаел дека е забранета работата на кафеаните во нивните затворени делови. Ако сакаше да биде креативен, можеше да каже дека името на кафеаната го навело на тоа дека станува збор за отворен простор, така може ќе му поверуваа, барем неговите.

Сигурен сум дека на неговиот ваков обид за “алиби” не би помислил ниту неговиот шеф Груевски. Тој во најтешките негови моменти не помислуваше да каже дека е неинформиран за кривичното дело трошење пари на граѓаните за партиски цели, ниту дека е неинформиран за забраната парите да се изнесуваат од државата преку офшорови. Груевски со месеци се држеше за своето “сечени-лепени”, но никогаш не посегна по глупоста наречена “не сум знаел”, особено за прашања поврзани со загрозување здравје, нарушување изборен процес, кршење основни човекви права.

Останува дилемата дали Мицкоски е само збунет и неодговорен политичар или станува и крајно опасен обидувајќи се да биде “подобар” од Груевски.