Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Уапсени 7 полицајци во кратовско, правеле журка сред пандемија

Околу петнаесетина граѓани, од кои половина биле полицајци, синоќа биле приведени откако и покрај забраната за групирање, правеле забава, во кратовското село Куклица, велат извори за Centar.

Според нашите информации, полицијата реагирала откако соседи пријавиле дека некој прави забава. На терен излегла полицијата од полициска станица Кратово, но наводно морала да интервенира и единица од ЕБР, бидејќи дел од присутните на забавата давале отпор.

За инцидентот бил информиран и дежурен обвинител, кој постапува по членовите 205 и 206, односно непостапување според здравствени прописи за време на пандемија.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК