23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски на ТВ 24: Ситуацијата со вирусот е стабилна, контролата за почитување на мерките е најважна

„Има неколку причини за зголемување на бројот на заболени од корона вирусот, и ниенма да сме единствен пример. Кај нас луѓето не ги почитуваа целосно мерките, оние за заштита, за групирање. Имаме околу 85 отсто кои ги почитуваат, но има и такви кои не се одговорни. Имавме крешење на полициски час, дел од луѓето се уште не веруваат дека вирусот постои, и сето тоа влијае. Исто како што имавме инертно однесување на МВР, односно јавен настап на Наќе Чулев во кој кажа дека нема да ги казнува граѓаните кои не почитуваат мерки. Јас се обидувам да ги наведам причините кои го зголемуваат бројот на пациенти. Исто така имаме масовно тестирање во некои средини, како Тетово, како Штип, и затоа имаме нов број заболени, но тоа ќе се намалува деновиве. Како и да е, ситуацијата е под контрола. Но, ние секако мораме да сме поодговорни и посвесни за ризиците.“- изјави Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и премиер на државата, на телевизија 24.

Тој објасни дека сите мерки за функционирање на системот се на сила и дека сега се е во одговорноста на граѓаните.

„За да немаме вакви случаи во иднина, Комисијата против заразни болести издаде многу протоколи, за сите сфери во стопанството, кој како да работи и како да се однесува. Ако бидеме принципиелни и ги почитуваме протоколите секако дека самите ќе спречиме ширење на вирусот. Контролата дали се почитуваат мерките во овие моменти мора да биде најсилна. Владините мерки се однесуваат на сите, како на пример мерката да не се групираме повеќе од двајца. Ако некој не ја почитува мора да биде санкциониран. Ако нема казни за литијата во Струга, тогаш се охрабруваат и други граѓани да не почитуваат мерки и да се групираат. Едноставно, со почитувањето на мерките ги намалуваме ризиците.“- дополни Спасовски.