Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи предупредува: Бројката денеска е уште повознемирувачка

Вицепремиерот Бујар Османи денеска предупреди дека бројката на новозаразени е уште повознемирувачка и апелира да се почитуваат мерките на претпазливост.

„Можноста да се биде позитивен или да се биде во контакт со некој кој е позитивен во последниве неколку денови е многу голема. Затоа апелирам да се однесувате како да сте позитивни или како да е позитивен секој со кого што контактирате. Не треба многу за да се заштитите: не верувајте им на теориите на заговор, маската ја намалува трансмисијата за 79%, не предизвикувајте смрт на вашите роднини“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.

Во П.С. тој напиша: Денеска бројката е уште повознемирувачка!

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК