9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија мора да добие здрави институции: Нова вонредна состојба, а по неа следат избори на 5-ти јули?

Поради тоа што ВМРО ДПМНЕ не прифаќа избори, а со тоа интитуциите ќе бидат намерно заробени во вакуум меѓу распуштен парламент и техничка влада, најверојатно ќе биде прогласена вонредна состојба уште 14 дена.

По завршувањето на новиот рок, повеќе нема да биде прогласувана вонредна состојба, а изборите според закажаните термини ќе бидат на 5-ти јули.

ВМРО ДПМНЕ не сака избори, но не сака ниту враќање на парламентот, со што државава се става во неизбежна ситуација. Не е добра ситуацијата, дури и да се врати пратеничкиот состав на кој мандатот реално им истекува во декември 2020, период за кој Светската здравствена организација најави можен нов бран.

Според познавачите, избори мора да има најдоцна до 5-ти јули, за новата Влада да има време да се формира и да дочека евентуален нов бран од епедимијата, но и да носи мерки согласно потребите на граѓаните, со оглед на коронавирус економската криза.

Македонија мора да добие здрави институции, каде нема да има функционери и административци кои го кочат функционирањето на системот, особено тоа е недозволиво во време на ваква криза со која не се имаме соочено низ историјата.

Дури и ВМРО ДПМНЕ да не сака да излезе на такви избори, неофицијално истите избори ќе добијат фулл поддршка од меѓународната заедница, со оглед дека ситуацијата е комплексна, а ВМРО ДПМНЕ е “фатена” како се обидува како се обидува да ја докомплицира ситуацијата. Тука е фактот дека ВМРО ДПМНЕ бараше избори, и во повеќе наврати и’ беше понуден компромис, но тие не прифатија и сето тоа е забележано од меѓународниот фактор во земјава, велат доброинформирани избори.