Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Манчевски на Алсат: СДСМ стана репрезент на сите етнички групи

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат говореше и за новиот политички концепт на партијата кој отвора можност за сите граѓани.

„Едно општество за сите не беше само флоскула, туку реална политика, и со законите што го носиме и со процесите што ги водиме… СДСМ е репрезент на сите етнички заедници, имаме и функционери во партијата од сите групи. Но, реториката на ВМРО ДПМНЕ, на некои функционери, не е во ред. ВМРО ДПМНЕ заговараше формирање влада само на победничките партии на избори. За разлика од нив, ние исполнуваме реални ветувања и го подобруваме меѓуетничкиот соживот. Здравствената криза покажа дека ние не се делиме, не ги броиме болните од која националност се. И генерално, почнуваме да размислуваме поинаку, создаваме атмосфера за нормален и заеднички живот.“- изјави Манчевски.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК