15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме тие својата иднина и кариера да ја гледаат дома, во нашето јавно здравство

Фејсбук статус на Зоран Заев, лидер на СДСМ:
👩‍⚕️👨‍⚕️ Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме тие својата иднина и кариера да ја гледаат дома, во нашето јавно здравство. 🇲🇰

📈 Во периодот од декември 2017 до февруари 2020, ги покачивме платите на здравствените работници и тие сега изнесуваат:
– 111.377 денари за доктори специјалисти,
– 122.810 денари за наставниот кадар во здравството,
– 58.991 денари за докторите на медицина и
– 50.376 денари кај медицинските сестри со Висока стручна спрема, односно 38.182 денари кај медицинските сестри со Средна стручна спрема.

Вложувањата кои Владата предводена од #СДСМ ги направи во здравството преку унапредување на услугите за пациентите и работните услови за здравствените работници, овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении. Со ова стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови.

Продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем!

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Странските инвестиции паднаа од 1 милијарда евра на само 75 милиони во вториот квартал

ДЕСК

Возел под дејство на алкохол и направил сообраќајка – полицијата приведе шофер на опел

ДЕСК

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.