Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

Добра вест: Од утре се отвораат кафичите и рестораните, а зелено светло ќе биде дадено за старт на плажите

Откако неколку пати изминатите недели беше одложено отворањето на кафетериите, рестораните и другите угостителски објекти, од утре тие ќе почна да работат, велат доброупатени извори за Centar.mk.

Како што Centar.mk неодамна објави, кафетериите и рестораните ќе имаат право во првата фаза да работат само со намален капацитет односно на летните тераси со посебна дистанца меѓу масите.

На една маса ќе може да стојат до 4 лица и тие не мора да бидат од исто семејство.

Кафетериите за почеток ќе работат со ограничено работно време од 10 до 18 часот. Забранети ќе бидат групни собирања и прослави како свадби, крштевки и родендени.

Сето ова фазно ќе биде олабавувано во следниот период, согласно насоките кои ги дава Комисијата за здравство, а Владата досега во 100 процентност ги почитуваше.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ПАДНАТ ЛИ МАСКИТЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ХРАНА: АХВ најавува имиња и податоци што ќе кренат прашина

ДЕСК

Клучното прашање во случајот „Мазут“: Имало ли загадување?

ДЕСК

ДЕТСКИ РОДЕНДЕН СТАНА МИНИ-СВАДБА: Игрална, торта, подарок — колку навистина чини?

ДЕСК