Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Centar ексклузивно дознава – Од утре се укинува полицискиот час, а наскоро се отвараат кафичите и рестораните – Премиерот најави вонредна прес конференција во 19 часот

Според неофицијални информации на Centar.mk Владата на денешната седница одлучи полицискиот час да се укине од утре,а од четврток најверојатно почнуваат со работа и кафетериите и рестораните, но само на летните тераси под строг протокол за заштита на граѓаните.

Сепак ќе мора да се почитуваат строго мерките за заштита кои се донесени од Владата.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, денеска, 26.05.2020 (вторник) со почеток во 19:00 часот, ќе одржат прес-конференција и најверојатно ќе детализираат се’ за оваа тема.

Centar.mk во 19 часот ќе се вклучи во живо од Владата. Прес конференцијата ќе може да ја следите на насловната страница на www.centar.mk.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПОПУШТИ ЗА СПОРНИОТ ЧЛЕН – Избришана одредбата што ја оспори претседателката

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИОТ ВАКУУМ НА БАЛКАНОТ НЕ ТРАЕ ДОЛГО – Сиљановска-Давкова предупреди од Париз

ДЕСК

ЕВРОПА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОЧИ СО БИЛАТЕРАЛНИ СПОРОВИ – Порака од средбата на двајцата претседатели

ДЕСК