24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Манчевски во „Детектор“: Ако до крајот на вонредната нема консензус, ќе продолжат да течат роковите за избори

„Има две големи контрадикторности кај ВМРО ДПМНЕ, од една страна критикуваат како лошо се менаџира кризата, а ВМРО ДПМНЕ излезе со формално барање за намалување на мерките, што едно со друго не оди. Освен ВМРО ДПМНЕ никој друг не зборува против избори. Второ, за роковите, ние имавме иницијатива да се соберат пратениците чиј мандат се уште трае, ама не работат, иако земаат плата. Тврдам дека парламентот требаше да се собере, а опозицијата не сака парламент, ама не сака ни избори. Јасно е, ако до 30 мај нема договор за избори, ние ќе мораме да ја продолжиме вонредната состојба. Имаме секој ден нови заразени, тоа е факт, но далеку сме од претходните недели. Граѓаните не може да се водат од интересите на една партија. Затоа имаме прилика да се договориме кога ќе имаме избори.“- изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител.

Тој објасни дека ако нема избори на 21 јуни, тогаш ќе мора да се продолжи вонредната состојба.

„Ако е неопхподно ќе има и лидерска средба околу датумот за изборите. Изборите е најдобро да се случат со консензус затоа што имаме време и волја. Очекувам и друг тип на состаноци дека ќе има, но најмалку една лидерска ќе треба за да се договориме. До крајот на вонредната состојба имаме можност да направиме спогодба, а ако до тогаш нема договор, тогаш по завршување на вонредната состојба ќе почнат подготовките, согласно закон, односно ќе продолжат изборите онаму каде што застанаа. Кога и да се одвиваат изборите, во јуни, во јули, во септември, вирусот ќе биде тука. Сите експерти зборуваат дека на есен ќе имаме нов бран на вирусот и затоа не смееме да ризикуваме. Колку повеќе се приближуваме кон декември, кога истекува мандатот на актуелните пратеници, толку повеќе ќе имаме уставни проблеми.“- дебатираше Манчевски на Сител.