22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Манчевски: Неработењето на Чулев доведува до поголемо непочитување на мерките

Клучно е да се почитуваат препраките и како и целиот свет треба да одиме кон олабавување на мерките, но да ги почитуваме другите мерки, како и препораките со држење дистанца, носење маски и слично, -посочи Дамјан Манчевски потпретседател на СДСМ во отвореното студио на ТВ 24, во однос на полицискиот час за продолжениот викенд кога имаме и два празника ,Бајрам и Кирил и Методиј.

Доколку сакаме сите да се вратиме до ново нормално мора да се почитуваат мерките. Она што може да се забележи е зголемување на бројот во целиот свет. Нашите здравствени власти точно ги знаат класерите и немаме непознати потекла. Ако сите сакаме да одиме кон олабавување треба да се зголеми личната одговорност .-истакна Манчевски.

Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информ ирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат. Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки.

Од друга страна МВР конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции .

Тој истакна дека Чулев никогаш не ни спомнал за награди на полицајците кога се правел ребалансот на буџетот и не кажал ни збор за кратењата, а потоа излегува и дава изјави.

Исто така , друга ситуација е и кочењето на процесот на добивање на финансиски средства за справување со коронависрусот од Светска банка на дополнителната заменик министерка за финансии, пари кои се наменети конкретно за здравството .-истакна Манчевски.