26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на Телма: Следната недела ќе утврдиме датум за избори, согласно лекарските препораки

„Направивме сериозен напредок, имавме дијалог, констатиравме неколку работи за кои сме согласни сите. Ќе мора да живееме со корона вирусот додека не се најде вакцина, Кривата паѓа, но се појавуваат повремени случаи. Граѓаните мора да знаат дека никој не брза за избори, на сите нам ни е најважно здравјето. Кога немаме Собрание и функционална политичка влада, ни треба побрзо да го завршиме тој процес со изборите. Летниот период кој следи ќе донесе високи температури и како со маски ќе одиме на избори? Можноста за нови пикови се јавува и во лето, и на есен. Така зборуваат здравствените работници“ – изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Тој објасни дека на лидерската среда било договорено да има избори.

„Заклучивме на лидерската да организираме избори. Да видиме дали ОДИХР е спремна да дојде и во каква форма. Веќе чекаме информации за тоа. ДИК денеска имаа средба за да продолжат со ажурирање на списокот, има нови гласачи од 18 години, како и да се утврдат датуми за кампања, спроед сите здравствени протоколи, да знаеме што е дозволено, а што не. Следната недела ќе имаме уште една лидерска. Ние го предложивме 14 јуни, но ние сме отворени да зборуваме, за да може опозицијата да се чувствува комотно и да организира кампања. Ако не прашаат од ОДИХР, или ДИК, да имаат ориентационо кога е датумот, затоа ние сакавме да се постави некој датум. Следната недела сум убеден дека ќе имаме датум за избори, – рече Заев.

Според него сите држави сега дефинираат избори, затоа што летото ќе се отворат границите и нема да се знае како ќе се движи кривата со пандемијата. Тој дополни дека ако здравствените работници кажат дека не може избори, нема да одиме на избори.