19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски ќе замине во историјата како политичар кој го штитеше криминалот на Груевски

Веќе е јасно како бел ден. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидуваат да избегаат од избори со цел да го пролонгираат денот кога ќе доживеат уште еден изборен пораз, велат од СДСМ.

„Нивните лажни политики кои не нудат перспектива, туку враќање на криминалот, корупцијата и безредието ќе бидат казнети, затоа што граѓаните добро знаат што можат да понудат извршителите на бегалецот од Будимпешта, Никола Груевски. Граѓаните никогаш нема да го заборават режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ базирано на лаги и конфликти, нема да го заборават деструктивното однесување на Мицкоски во време на криза. Граѓаните паметат и како Мицкоски лажеше дека нема тестови, како се закануваше со кривични пријави против министерот Венко Филипче, како во време во пандемија вежбаше во теретана додека нивното работење беше забрането. Оттука е неговиот страв од пораз на изборите“, се наведува во соопштението.

Колку и да се обидуваат, велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да се спасат од соочување со граѓаните и од извесниот изборен пораз што ги чека.

„Затоа со секој нов ден измислуваат нови предуслови, бараат лидерски средби, а бегаат од одлука за изборен датум, бараат алиби поради стравот од казната на граѓаните. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од брзи избори од декември, но овој пат ќе мора да се соочат со одлуката на граѓаните. Република Северна Македонија мора да го искористи првиот момент, кога тоа ќе го дозволи здравствената ситуација, и да оди на парламентарни избори. Веднаш после тоа мора да продолжиме со успешно и ефикасно справување со последиците од здравствената криза и да обезбедиме економски развој и напредок. Мицкоски ќе замине во историјата како политичар кој не се огради и го штитеше криминалот и корупцијата на неговиот ментор Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T