24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Битиќи најави трет сет на мерки кој директно ќе помогне на домаќинствата

– Мене од една страна мило ми е што мерките што ги преземавме во суштина укажуваат дека ние знаевме да ги димензионираме за процентуално колку ќе биде ударот врз економијата и сега ги согледувам и скоро да се истите со тие кои што побарале помош од страна на државата, по основ на една од мерките која што аплицирањето заврши пред некој ден имаме 23.000 субјекти кои што побарале помош или од активните или компаниите кои што поднеле завршна сметка во 2019 тоа се 45 % од компаниите поднеле барање за да добијат поддршка, тоа укажува дека да ударот е таму но и дека и мерките се таму за да го ублажат ударот и особено да го ублажат ударот од апсект на притисокот кој што работодавците го имаат кон ликвидноста и плаќањето на своите работници и задржувањето на работните места, рече Фатмир Битиќи од СДСМ, за вечерашното издание на ТОП ТЕМА на Телма.

– „ Ние искрено во месец март и месец април го затовривме месец април само со 8.500 изгубени работни места“, рече Битики.

– Исходот од последните уредби е токму затоа што ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение што можевме да го добиеме, еден од клучните проблеми е кога сакаме да се споредуваме со земјите во суштина ние не сакаме да сфатиме дека секоја земја ние ги слушаме кои се мерките но не знаеме како административно мерките се спроведуваат забораваме на законските решенија кои што тамо постојат, додаде Фатмир Битиќи од СДСМ.

-„ Третиот сет на мерки пак ќе се грижи за приватната потрошувачка, ќе се грижи за секое домаќинство, ќе биде еден од пакетот на мерки кои што прв пат една Влада во по новата историја на Македонија направила таков пакет, така сегментирано, структуирано за да на сите им даде тоа што навистина во овој момент им треба..“, рече Битиќи.