Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Граѓани по грешка ги донирале парите од „Мој ДВВ“, бараат да им бидат вратени

До УЈП пристигнале меилови од граѓани кои ненамерно притиснале опција „донирај“ на средствата од „Мој ДДВ“, па сега бараат парите да им бидат исплатени на сметка, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

„Овие граѓани дополнително и во најкраток можен рок ќе бидат известени за начинот на исплата. Опцијата ‘донирај’ беше поставена за доброволен избор на секој корисник на апликацијата ‘МојДДВ’“, рече Лукаревска.

Инаку, рокот за изјаснување за донирање на повратот од „МојДДВ“ заврши на 5-ти мај. Вкупно 8.700 корисници на апликацијата одговориле потврдно на опцијата за донирање, а 35.219 корисници одговориле дека сакаат да им биде исплатен повратот од скенирањето на сметките, во целост.

„Износот на донација изнесува 9.529.917 денари. Овој износ ќе се донира во фондот за справување со КОВИД-19“, рече Лукаревска.

Таа им заблагодари на сите граѓани кои го донирале својот поврат и со тоа дале свој придонес за полесно справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +

Филипче: Минимална плата од 600 евра е реална потреба

C +

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

ДЕСК