10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Дали веќе го имате новиот дизајн на Фејсбук? Едно нешто што посебно ќе ви се допадне…

Значаен новитет доаѓа од FACEBOOK. Како што е објавено на официјалната веб-страница, новиот дизајн ќе започне да се појавува кај сите корисници.

Тие потенцираат дека новиот дизајн е помодерен и поедноставен и се обезбедува побрз пристап до видео содржини, игри и групи.

“Ние изградивме нови функции, ја оптимизиравме страницата за нови уреди и оперативни системи и се проширивме на стотици јазици. Неодамна се фокусиравме на мобилното искуство на Фејсбук и сфативме дека нашата работна површина заостанува. Така, работевме на теренот, поминавме месеци разговарајќи со луѓето за тоа, како можеме да ги подобриме нивните веб-искуства. Сега сме воодушевени што обезбедивме нов изглед на страницата “, наведуваат од Фејсбук.

Најголемата вест е додавање на темниот режим, односно темна позадина на страницата. Воведувањето на темниот режим е во согласност со трендот што се случува во мобилниот свет, каде се повеќе апликации се префрлаат на потемен изглед, за да се направи поудобно да пребарувате во темни простори.

Иако официјално беше промовиран денес, новиот дизајн нема да се појави кај сите корисници во исто време, но постепено ќе се шири.

Спонзорирано: