22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: На изборите очекувам излезност слична како за претседателските избори, секако со посебни заштитни мерки

„Очекувам излезноста на претстојните парламентарни избори да биде колку што беше излезноста за претседателските избори, можеби и нешто повеќе. Традиционално граѓаните излегуваат на парламентарни избори во поголем процент, од причина што веруваат дека од овие избори зависи иднината на државата и на граѓаните во периодот што претстои“, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Патот кон“, на ТВ Алсат-М.
Тој смета дека политичките партии ќе ги мотивираат своите поддржувачи да излезат на избори, особено што станува збор за период кога се очекува здравствената криза да биде целосно намалена.
„Очекувањата се дека кризата ќе спласне, дека целосно ќе биде намалена. Дополнително на гласачките места ќе има заштита, граѓаните ќе бидат со маски, ќе има дезинфекција на влез и на излез, тоа државата може да го обезбеди…маски, дезинфекциски средства на избирачките места. Здравјето и безбедноста на граѓаните секако дека се најважни“, заклучи Заев.

Спонзорирано: