Демократски треба да постигнеме здраворазумски договор за одржување на изборите, но не верувам дека ќе имаме вака прикладен период, како сега во јуни, секако под услов кризата со коронавирусот целосно да биде одмината, сите земји го избегнуваат јули, затоа сметам дека јуни е поприкладно да се одржат изборите, секако со договор. истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.
Секако потребни се соодветни рокови за подготовка на избори, во уредбата е наведен 21 ден од завршување на вонредна состојба, и токму затоа се прави лидерска средба, рече Заев, додавајќи дека прв услов е кризата да биде целосно одмината, бројот на оздравени да биде видлив, потоа изборите да бидат миониторирани од ОБСЕ/ОДИХР, и секако ажурирањето на избирчакиот спсок,.
Причина плус за што поскоро одржување на избори е тоа што немаме парламент, а од друга страна имаме техничка, а не политичка влада, која треба да понесе одговорност. Ние сме парламентарна демоктратија, а немаме парламент, ние сме парламентарна политичка демократија, треба да имаме политичка влада која ќе понесе одговорност, во вакви услови граѓаните немаат кај кој да се обратат, рече претседателот Заев.
Тој додаде дека не помалку важна е и економијата, која и онака е во криза, а во време на избори, се наоѓа во еден вид рестрикција.
Бидејќи од парламентот зависат економските политики, да не се доведеме да имаме уште еден пик за економијата, заклучи Заев.