14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мај ќе биде среќен месец за три хороскопски знаци

Сатурн, структурната планета, овој месец ќе нѝ укаже на слабостите во системот– и ќе нè советува како да се справиме со последиците.

Веќе влеговме во петтиот месец од оваа година – сами или максимум во двојка. А на кои хороскопски знаци, и покрај сè, мај ќе им донесе многу среќа и добро расположение? Еве кои се тие:

Бик

Личностите родени во овој знак се чувствуваат добро во својата кожа. Мај ќе биде месец кога Бикот ќе почувствува дека е сакан и дека е добар онаков каков што е. Одеднаш ќе ги согледа сите свои квалитети и добри особини и ќе се фокусира само на позитивните страни и чувства. Освен што ќе зрачи со позитивна енергија, мај на Бикот ќе му донесе и многу елан и истовремено и внатрешен мир.

Лав

Додека другите повеќе немаат идеја што ќе прават за време на карантинот, лавот (сè уште) цути. Без оглед што и да прави, тој кон сè пристапува со многу креативност и со намера да го збогати и орасположи секојдневието.

Без разлика дали испробува нови рецепти, експериментира со облеката или се враќа на старите хобија како фотографија, плетење или хербариум – за овој хороскопски знак сè може да биде уметност, па затоа овој месец ќе биде незаборавен за него.

Девица

Последните неколку недели беа тешки за луѓето во знакот на Девица. Од бројните грижи и прашалници во нивната глава, тие не можеа јасно да размислуваат и гледаат (понекогаш дури и да не дишат како што треба). Сега маглата полека се крева и товарот е многу полесен. Овој хороскопски знак сега е подготвен да го насочи погледот кон новите хоризонти и тоа му дава надеж.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.