Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Македонија има убедливо најниска инфлација во регионот, како и пониска инфлација и од просекот на ЕУ зоната, тврди Стојаноски

Фб пбјава на Бојан Стојаноски:

Македонија има убедливо најниска инфлација во регионот.

Кога ќе направите анализа на инфлацијата во регионот за месецот септември, согласно податоците објавени од официјалните институции на државно ниво ќе се потврди фактот дека Македонија е со убедливо најниска инфлација во целиот регион.

Тоа што е важно и што треба да се потврди дека сето ова е во услови на најголемата енергетска криза во последните десетици години, но и убедливо најголемата енергетска криза во човештвото од аспект на прекин на синџирот на снабдување со енергенси.

Треба да се подвлече фактот и дека Република Македонија има пониска инфлација и од просекот на ЕУ зоната.

Во услови на сложени финансиски текови и рекордни цени на горивата, менаџирањето на економските текови и одржувањето на контролата со инфлацијата е успешно.

Бројките кажуваат се.